WWW.GOL.MK
Дарко Велковски е меѓу десетте најскапи слободни фудбалери на пазарот
Дарко Велковски е стопер кој долги години го носеше дресот на репрезентацијата на Македонија и важеше за редовен во првата линија. Меѓутоа, во последните месеци работите се променија и тој не во тимот. Причината е што Дарко Велковски не може да најде клуб. 28-годишниот дефанзивец е слободен по разделбата со Ал-Етифак, а иако се пишуваше за негов можен ангажман низ неколку европски клубови, до такво нешто не дојде. Според „Трансфермаркт“, нема многу слободни фудбалери, а Дарко Велковски е меѓу десетте најскапи играчи кои се нудат на пазарот.
0 Comments 0 Shares 238 Views