WWW.GOL.MK
Адана го врати Манев од Осијек, ќе му даде поголема минутажа
Најавите се остварија, затоа што македонскиот стопер Јован Манев нема да продолжи да игра за хрватски Осијек каде беше на позајмица и се враќа во Турција каде е член на Демир Аданаспор. Турскиот клуб го врати Манев во своите редови затоа што смета на неговите услуги. Се очекува Манев да добие повеќе простор во турскиот суперлигаш отколку што добиваше во ХНЛ-лигата. Манев во Осијек настапи на седум меча во ХНЛ. На четири беше стартер, додека на три одигра по едно полувреме.
0 Comments 0 Shares 220 Views