WWW.GOL.MK
Новак: Зглобот не изгледа добро, но не ми е првпат
Новак Ѓоковиќ ја забележа втората победа во новата сезона, но неговите фанови се загрижени поради повредата со која се здоби на натпреварот против Јиржи Лехечка од Чешка. По триумфот Ноле им се заблагодари на фановите за поддршката и истакна дека ситуацијата со повредениот зглоб не е баш најдобра. „Не изгледа добро, но успеав да победам. Не е прв, ниту последен пат да се случуваат такви работи. Мора да се најде решение. Ќе видиме што ќе се случи понатаму", изјави Новак.
0 Comments 0 Shares 166 Views